Нова канцеларија за вработување во Чешиново - Облешево

Bez autora
May 25 2014

Во општина Чешиново - Облешево вчера почна со работа дисперзираната канцеларија на Агенцијата за вработување. Жителите од своето место на живеење ќе бараат работа и ќе ги користат услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, а притоа да не мора да поминуваат неколку километри до Кочани. Тие ќе можат директно да се вклучат во новите проекти за самовработување и одблизу да се запознаат со бенефитите што ги нудат проектите, изјави директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Тој изрази задоволство од успешноста на проектите за самовработување со кредитирање, за кои, како што рече, постои голем интерес. Во рамките на проектот отворени се 3.000 фирми, искористени неповратни грантови за 5.000 бизниси и пријавени 94 кредитобаратели за отворање нови 223 вработувања.

Нова канцеларија за вработување во Чешиново - ОблешевоВо општина Чешиново - Облешево вчера почна со работа дисперзираната канцеларија на Агенцијата за вработување.

- Жителите од своето место на живеење ќе бараат работа и ќе ги користат услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, а притоа да не мора да поминуваат неколку километри до Кочани. Тие ќе можат директно да се вклучат во новите проекти за самовработување и одблизу да се запознаат со бенефитите што ги нудат проектите - изјави директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Тој изрази задоволство од успешноста на проектите за самовработување со кредитирање, за кои, како што рече, постои голем интерес. Во рамките на проектот отворени се 3.000 фирми, искористени неповратни грантови за 5.000 бизниси и пријавени 94 кредитобаратели за отворање нови 223 вработувања.

Градоначалникот на општина Чешиново - Облешево, Костадин Личков, ја поздрави иницијативата за отворање дисперзирана канцеларија на Агенцијата, истакнувајќи дека во општината се регистрирани 868 невработени лица. Од нив, 408 се активни, а 460 пасивни баратели на работа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik